• Горан Упале

Бранителот на титулата на УС Опен, Карлос Алкараз, успешно ја мина и втората пречка на турнирот по повеќемесечната пауза. Шпанецот не започна најдобро против Жаиме Фарија, но на крајот славеше со 3-1 во сетови (6-4, 0-6, 3-6, 2-6).
Португалецот, 72-ри тенисер во светот, успеа да го изненади фаворитот и го освои првиот сет. Сепак, Алкараз потоа го подигна нивото на игра и целосно ја презеде контролата врз мечот.
Особено охрабрувачки за Шпанецот е фактот што физички изгледаше одлично, без видливи последици од паузата поради повредата на шаката. Алкараз со две победи го потврди враќањето во препознатлив ритам и повторно се наметна како еден од главните фаворити за титулата.
Во второто коло се пласираше и домашниот тенисер Тиафо, кој без загубен сет славеше над Сакамото од Јапонија.











