ВИДЕО: Алкараз не се ни испоти за четвртфинале во Индијан Велс

Карлос Алкараз го продолжи патот до титулата во Индијан Велс. Шпанецот го мина и Британецот Џејк Дрејпер, кој му го предаде мечот во вториот сет. Дрејпер се повлече со водство на неговиoт ривал со 6-2, 2-0 по помалку од еден час игра.

Алкараз оваа недела го чека најголемиот предизвик во четвртфиналето во Калифорнија, дуелот со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим. Младиот Канаѓанец по пресврт го елиминира Американецот Томи Пол со 3-6, 6-3, 7-6/6.

Френсис Тиафо и Јаник Синер обезбедија четвртфиналет. Тиафо го совлада Чилеанецот Алехандро Табил со 6-4, 6-4 и сега го чека дуел со Камерон Нори. Синер го декласира ветеранот Станислас Вавринка со 6-1, 6-4 и закажа дуел со Тејлор Фриц.