Алкараз не му остави шанса на Синер и закажа финале со Медведев

Вториот светски рекет Карлос Алкараз ја оправда фаворитската улога и се пласира во финалето на Мастерсот во Индијан Велс, каде што го очекува дуел со Данил Медведев. Шпанецот во полуфиналето беше подобар од Јаник Синер со 2-0 (7-6, 6-3), во меч кој траеше час и 54 минути. 

Италијанецот парираше од стартот, иако рано загуби сервис, успеа да врати и да се држи во егал. Се играше гем за гем до крајот на сетот, по што се влезе во тај-брејк кој Алкараз го реши во своја корист со 7-4. 

Веќе во вториот сет, Синер не успеа да го изненади шпанскиот противник. Алкараз направи брејк на стартот, бргу дојде до предност од 3-0 која потоа ја претвори во 6-3 и ја потврди победата на овој дуел во Соединетите Американски Држави. 

Финалниот меч меѓу Алкараз и Медведев се игра ноќва со почеток точно на полноќ.