• Саше Љолес

Карлос Алкараз реши да направи промена во својот тим пред почетокот на подготовките за настапот на Австралија Опен.
Шпанскиот тенисер во стручниот штаб го покани Самуел Лопез, кој во минатото со успех работеше со Пабло Карењо Буста и го одведе до Топ-10 на АТП листата.
„Навистина сум изненаден од повикот од Алкараз и за мене ќе биде голема чест да сум дел од неговиот тим. Се надевам дека заедно ќе успееме да оствариме одлични резултати кои ќе ги радуваат сите навивачи и негови поддржувачи“, изјави Лопез.
Алкараз во моментов е третопласиран на АТП листата и со големи амбиции го очекува настапот во Мелбурн. Австралија Опен ќе започне на шести јануари.