• Горан Упале
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не го дели мислењето на Новак Ѓоковиќ за горливата тема во светот на тенисот. Здружението на тенисери (ПТПА), основано од Новак Ѓоковиќ и уште неколку професионални тенисери, покрена правна постапка против управните тениски тела.
Здружението на тениски професионалци (АТП) реагираше на веста за тужбата поднесена против него од независна асоцијација (ПТПА) и им испрати остар одговор. Еден ден подоцна, Карлос Алкараз се огласи и одговори на прашањето што мисли за тужбата.
„Искрено, за мене беше изненадувачки, бидејќи никој навистина не ми кажа ништо за тоа. Вчера видов на социјалните мрежи дека излегоа изјави, како да ставија нешто што сум го кажал на прес-конференција, а јас не ни знаев. Искрено, не го поддржувам тоа писмо. Не го поддржувам затоа што не знаев ништо за тоа. Има некои работи со кои се согласувам, но има и други со кои не се согласувам. Главната работа овде е што не го поддржувам“, рече Алкараз.
Инаку, Здржужението на тенисери е апсолутно незадоволно од моменталната состојба во светот на професионалниот тенис.