ВИДЕО: Алкараз лут – впери прст кон камерата на УС Опен

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз беше лут затоа што немаше приватност за време на тренингот во Њујорк.

Алкараз покажа кон камерата додека се загреваше на еден од страничните терени на Отвореното првенство на САД. Сите терени се покриени со камери, но и со микрофони, што ја нарушува подготовката на играчите, според Алкараз.

„Карлитос“ очигледно коментирал за фактот дека камерата снима сè, дури и доверливи разговори за ривалите, тактиките и други работи. Алкараз ќе го започне Отвореното првенство на САД против Рајли Опелка.

Тој ќе се обиде да го подобри резултатот од минатата сезона, кога беше елиминиран во второто коло од Ботик ван де Зандшулп.