• Саше Љолес
Карлос Алкараз комплетно ја оправда фаворитската улога и го победи Австралиецот Адам Волтон со убедливи 3-0 (6-3, 7-6/2 и 6-2)во првото коло на Австралија Опен.
Шпанскиот ас ја заврши работата за два часа и осум минути, не оставајќи му големи шанси на ривалот кој, рака на срце, одигра одличен втор сет и беше близу до мини-сензација.
Во следното коло Алкараз ќе се соочи со Германецот Јаник Ханфман, кој претходно го надигра Американецот Закари Свајда со 3-1 во сетови.
Во следната фаза се најдоа уште Александар Бублик и Камерон Нори, кои славеа во своите дуели со Бенџамин Бонзи и Џенсон Бруксби.


