• Саше Љолес

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во второто коло на УС Опен, откако во првата рунда во Њујорк го совлада десеттиот носител носител Артур Фис со 4-6, 7-6/3, 6-1, 6-4.
Мечот траеше два часа и 56 минути, а Циципас направи голем пресврт откако Фис го освои првиот сет и поведе со 3-0 во вториот. Гркот потоа ја презеде контролата и стигна до вредна победа.
Во второто коло Циципас ќе игра против Лојд Харис од Јужна Африка. Пласман понатаму обезбеди и Русинот Андреј Рубљев, кој по голема борба го совлада Финецот Ото Виртанен со 6-7/5, 6-7/0, 6-0, 6-2, 7-6/5.
Победа оствари и бранителот на трофејот, Карлос Алкараз, кој со сигурни 3-0 беше подобар од уште еден Русин, Роман Сафиулин (6-4, 6-4, 6-4). Во следната рунда за противник ќе го има Португалецот Хаиме Фариа.









