Алкараз лесно против Лајовиќ, елиминација за Димитров во Рим

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во третото коло на АТП турнирот во Рим, откако славеше над Србинот Душан Лајовиќ со 2-0, по сетови 6-3 и 6-3. 

Алкараз немаше големи проблеми против 131. тенисер во светот и покажа зошто е главен фаворит за трофејот, а мечот траеше еден час и 23 минути. Во следната рунда Шпанецот ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Алекс Михелсен и Ласло Ѓере

Изненадувачка елиминација доживеа Бугаринот Григор Димитров, кој загуби со 0-2 од Италијанецот Франческо Пасаро, а пласман во следната фаза обезбедија Карен Хачанов, Артур Филс и Алексеј Попирин