Алкараз лесно го мина Американецот Квин за осминафинале во Барселона

Шпанецот Карлос Алкараз продолжува со победничката низа и славеше нов триумф, овој пат над Американецот Итан Квин (2-0) на турнирот во Барселона, по сетови 6-2 и 7-6/6. 

Вториот светски рекет прикажува одлична форма по освојувањето на трофејот во Монте Карло, а сега се избори за пласман во осминафиналето во Барселона, каде за противник ќе го има Србинот Ласло Ѓере. 

На денешниот меч Алкараз ја заврши работата за еден час и 48 минути, а особено беше добар и доминантен во првиот сет кој го доби со 6-2. Шпанецот важеше за огромен фаворит против 126. тенисер на АТП листата.