Алкараз: Кога ќе се вратам овде на ЛОИ, ќе имам „флешбекови“

Карлос Алкараз ја освои првата титула на Ролан Гарос, а за месец и половина ќе игра пак на истите терени во потрага по олимписко злато. 

Олимпискиот тениски турнир започнува на 27 јули, а меѓу главните фаворити ќе биде 21-годишниот Алкараз.

„Кога ќе се вратам овде на олимпискиот турнир, ќе имам „флешбекови“ на овој Ролан Гарос. Моите први Олимписки игри 40 дена по оваа титула. Со нетрпение очекувам да се борам за златото, да донесам медал за мојата земја, како и да играм двојки со Рафа. Ако некој ми го кажеше тоа претходно, немаше да му верувам. Ќе биде навистина посебно чувство“, рече со насмевка Алкараз.

Совладувајќи го во финалето Александар Зверев со 6-3, 2-6, 5-7, 6-1, 6-2, 21-годишниот Шпанец ја освои третата Грен слем титула, по УС Опен во 2022 година и Вимблдон во 2023 година.