Алкараз: Изненаден сум од повлекувањето на Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз беше изненаден од одлуката на Новак Ѓоковиќ да се повлече од Ролан Гарос.

Српскиот ас реши да се повлече од понатамошното натпреварување поради скинат менискус, па Каспер Руд без борба отиде во полуфиналето.

„Бев изненаден што Новак се повлече од турнирот откако го гледав мечот. Заврши играјќи одличен тенис и не чувствуваше болка на крајот. Беше изненадување што се повлече, но тоа е договор со тимот и докторите.

Тенисот е таков, мора да се соочите со ваквите моменти. Тоа што Ѓоковиќ нема да игра повеќе на турнирот е малку фрустрирачки за навивачите“, рече Алкараз.

Шпанецот во синоќешното четвртфинале го совлада Циципас и закажа меч за финале со Синер.