• Саше Љолес
Карлос Алкараз и Јаник Синер одлучија да не настапат на ниту еден турнир кој на календарот е пред почетокот на првиот Грен-Слем, Австралија Опен.
За разлика од нив, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот во Бризбејн, каде ќе ја темпира формата и ќе се обиде да стигне до трофејот. Алкараз и Синер се одлучиле на ваков чекор поради густиот распоред во текот на сезоната, а тренерските тимови заклучиле дека им е потребен одмор за да можат да пристигнат свежи и подготвени во Австралија.
Тројцата споменати тенисери ќе бидат меѓу главните фаворити за титулата во земјата на кенгурите, а тука се очекува да се вмеша и Германецот Александар Зверев. Австралија Опен ќе започне на 6 јануари следната година и ќе трае точно дваесет дена.