Алкараз и Медведев закажаа спектакл во полуфиналето во Пекинг

Фаворитите одиграа според планот и се пласираа во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг. 

Карлос Алкараз ја доби четвртфиналната пресметка со Карен Хачанов во два сета (2-0). За час и 37 минути Шпанецот го реши ривалот од Казахстан. Првиот сет Алкараз го доби по голема битка со 7-5, а потоа во вториот со 6-2 дојде до победата. 

Со идентичен резултат победи и Данил Медведев, кој го совлада Флаавио Коболи (2-0). Русинот беше поубедлив, ги доби двата сета со 6-2 и 6-4 за час и половина игра во Пекинг. 

Во полуфиналето следи токму спектакуларен меч меѓу Алкараз и Медведев.