• Иван Димовски

Турнирот на Индијан Велс доаѓа до најинтересниот дел и битката за тронот. Ноќва во САД се комплетираше и вториот полуфинален пар, во кој силите ќе ги одмерат Карлос Алкараз и Јаник Синер.
Шпанскиот ас е прв носител на турнирот и во четвртфиналето со 2-0 (6-4, 6-4) го совлада Феликс Оже-Алијасим. Алкараз за точно два часа го победи Канаѓанецот, не дозволувајќи му многу надеж за пласман понатаму. Првиот сет Шпанецот го реши со еден брејк и 6-4, додека веќе во вториот двајцата тенисери беа помалку сигурни. Алкараз и Оже-Алијасим разменија сервиси, но потоа фаворитот во финишот на сетот освои уште еден и дојде до победата.
Јаник Синер успеа да приреди изненадување и го совлада домашниот ас Тејлор Фриц со 2-1 (6-4, 4-6, 6-4). Сите три сета на овој меч завршија со идентичен резултат, Италијанецот подобро ги искористи своите шанси и за два часа и 19 минути го елиминира американскиот ривал.
Алкараз и Синер ќе се судрат за место во финалето, а дуелот е закажан за в сабота во терминот од 19:00 часот.