• Саше Љолес
Карлос Алкараз е третиот патник во полуфиналето на АТП турнирот во Барселона. Шпанскиот ас го совлада Алекс Де Минер од Австралија со конечни 2-0, по сетови 7-5 и 6-3.
Де Минер пружи силен отпор во првиот сет, успеа двапати да направи брејк, но Алкараз беше фокусиран и успеа во последниот гем да го завери сетот со 7-5. Вториот сет беше решен со брејкот на Алкараз во шестиот гем, по што започна колапсот на Де Минер.
Во полуфиналето Шпанецот за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Стефанос Циципас и Артур Филс.