• Саше Љолес
Шпанската тениска ѕвезда, Карлос Алкараз, со максимални 3-0 го елиминира Стефанос Циципас во четвртфиналето на Ролан Гарос и обезбеди учество меѓу четирите најдобри. По сетови резултатот гласеше 6-3, 7-6/3, 6-4.
Циципас покажа зошто е деветти светски тенисер и одигра повеќе од солиден меч, но немаше доволно сили да го изненади првиот фаворит за титулата на францускиот Грен-Слем.
Публиката може да се подготви за спектакл во полуфиналто, затоа што Апкараз оди на дуел со новиот лидер на АТП листата, Италијанецот Јаник Синер.