Алкараз го чека Синер за мега-дуел во финалето во Пекинг

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во финалето на мастерс-турнирот кој се игра во кинескиот град Пекинг.

Алкараз во полуфиналето во дерби-пресметката успеа да го совлада Данил Медведев. Шпанецот беше подобар од ривалот во два сета, со резултат 7-5, 6-3, во меч кој траеше еден час и 26 минути.

Во мечот за титула, Алкараз се очекува да игра против Јаник Синер, со што на програмата во кинескиот град ќе имаме тениски мега-дуел на двете млади тениски ѕвезди.