Алкараз: Ги поправам моите слабости, следна цел е трофејот во Мелбурн!

Шпанецот Карлос Алкараз во разговор со домашните медиуми изјави дека засилено се подготвува за настап на Австралија Опен, првиот Грен-Слем во 2025 година. 

Младиот тениски ас важи за еден од најдобрите на планетата, но минатата сезона имаше мали проблеми и ги губеше мечевите во клучните моменти кога беше евидентен падот во неговата физичка форма. Сега, Алкараз вели дека работи напорно да ги отстрани сите недостатоци во неговата игра и најави атак на трофејот во Мелбурн. 

„Напорно работам и знам дека тоа ќе вроди со плод. Сезонава можев да бидам многу подобар, но грешев во некои клучни моменти. Тоа ме врати малку наназад, но сега се чувствувам силно и подготвено. Сакам да се претставам во најдобро светло, во Мелбурн целта е да го освојам трофејот“, оптимистички изјави Алкараз. 

Големиот шпански талент ќе има голема конкуренција во останатите ТОП-10 тенисери како Синер, Зверев, Ѓоковиќ и останатите. Австралија Опен ќе започне на шести јануари и ќе трае точно дваесет дена.