• Иван Димовски

Карлос Алкараз експресно се пласира во третото коло на Индијан Велс, откако го совлада Танаси Кокинакис со 2-0 (6-3, 6-3). Шпанскиот ас покажа доминантна партија, не му дозволи премногу надеж на ривалот од Австралија и дојде до посакуваната победа.
Првиот сет беше одлучен со единствениот брејк на стартот со кој Алкараз направи предност која ја одржа и искористи, па со 6-3 поведе. Шпанецот имаше шанса на самиот старт на вториот сет пак да се одлепи, а откако не му успеа во првиот, до брејк дојде во третиот гем. Кокинакис парираше, без сили за изненадување, па Алкараз со третата меч-топка и нов одземен сервис ја обезбеди победата.
Алкараз како прв носител беше слободен во првото коло, а во третата рунда ќе се судри со Грикспор. На останатите терени Енди Мареј го прескокна Албот (2-0), Руне одигра според планот со МекДоналд (0-2), Хуркач го елиминира Попирин (2-0), а Манарино го изненади Мусети (2-0).