• Горан Упале
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз лесно се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави. Алкараз беше убедлив и во второто коло, овој пат против Италијанецот Матија Белучи со 3-0 во сетови по нешто повеќе од еден ипол час борба (6-1, 6-0, 6-3).
Тоа беше втора победа на Шпанецот над Италијанецот во неговата кариера, прва по пет и пол години, а воедно и осма по ред по освојувањето на Синсинати.
Јасно е за каков баланс на сили стануваше збор, со оглед на тоа што Алкараз, кој на овој турнир настапува со нов имиџ, му препушти еден гем на противникот во првите два сета, а во тие тринаесет гема Белучи имаше еден гем поен и ниту една брејк-шанса.
Белучи првпат пружи отпор во третиот сет, држејќи се добро до 3-2, но потоа Карлитос го засили темпото и ја донесе работата до крај. Во третото коло на УС Опен, Алкараз ќе игра против уште еден Италијанец, Лучан Дардери.
Трето коло обезбеди и миленикот на домашната публика Бен Шелдон, кој против Карлос Буста славеше со максимални 3-0 (6-4, 6-2, 6-4), додека Холгер Руне одново разочара и по пет сета забележа елиминација од Јан-Ленард Штруф.
ФОТО/PHOTO: US Open (X)




