• Саше Љолес
Поранешниот шампион на Вимблдон, Пет Кеш, даде интересна изјава поврзана со младиот шпански ас, Карлос Алкараз.
Кеш во разговор со медиумите во Англија изјави дека Алкараз е убедливо најдобар тенисер на тревна подлога и смета дека сите ривали ќе имаат сериозни проблеми со него во иднина.
„Алкараз нема слабости. Напредува со секој изминат ден. Мислам дека подобар тенисер на тревна подлога не сум видел во животот. Сите ќе имаат големи проблеми кога ќе играат против него. Момчето е феноменален талент, се надевам дека долго ќе доминира“, изјави Кеш.
Алкараз веќе освои две титули на Вимблдон и покажа дека е неприкосновен на „Ол Ингланд Клубот“, двапати совладувајќи го во финалето српскиот ас, Новак Ѓоковиќ.