• Иван Димовски
Карлос Алкараз без потешкотии се пласира во четвртфиналето на Индијан Велс, совладувајќи го Григор Димитров со 2-0 по 74 минути борба. Бугарскиот тенисер не успеа да му парира на апсолутниот фаворит воопшто, па на крајот претрпе висок пораз.
Шпанецот отвори со брејк и веднаш поведе, а потоа уште двапати одземаше противнички сервис за да го добие сетот со 6-1. Во вториот Димитров успеа да го спаси првиот свој сервис во долг гем, но потоа Алкараз направи два брејка и повторно со 6-1 ја обезбеди победата.
Во четвртфиналето Карлос Аклараз оди на мегдан со Франциско Черундоло кој во два сета го исфрли Алекс Де Минер (2-0). Деветтиот носител на турнирот капитулира со 7-5 и 6-3 против аргентинскиот ривал.
Џек Дрејпер направи подвиг и го совлада Тејлор Фриц со 2-0. Британскиот ас по час и 19 минути игра го елиминира третиот носител на турнирот. Првиот сет Дрејпер го доби со 7-5, а вториот со 6-4. Ривал на Британецот ќе му биде Бен Шелтон кој го победи Накашима (2-0).