Алкараз доби засилување во стручниот штаб

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го засили својот тренерски тим. Искусниот Самуел Лопез, кој го водеше Пабло Карено Буста во изминатите девет сезони, му се приклучи на штабот предводен од Хуан Карлос Фереро.

Лопез веќе соработуваше со четирикратниот Грен слем шампион. Тоа беше во Мајами во 2022 година, потоа и на последните две изданија на Квинс и на Австралија Опен во 2024 година.

Исто така, оваа сезона требаше да отпатува со Алкараз во Рим, но момчето од Мурсија не беше таму поради повреда. Како што пишува „Марка“, Лопез со Алкараз за првпат ќе биде во Ротердам во новата сезона (3-9 февруари).

Алкараз ќе ја започне сезоната на Австралија Опен, а претходно ќе одигра две егзибиции во Мелбурн на 8 и 10 јануари.