• Иван Димовски
Карлос Алкараз го одбрани трофејот на УС Опен, откако во финалето славеше против Јаник Синер со 3-1. Со оваа победа шпанскиот ас се враќа на врвот на АТП ранг-листата. Алкараз собра 11.540 поени, а на сметка на Синер кој остана на втората позиција со 10.780.
По освоениот трофеј Алкараз зборуваше од теренот и не го криеше задоволството.
„Сакам да започнам со Јаник. Неверојатно е тоа што го направи цела сезона, високото ниво на игра на секој турнир беше неверојатно... Те гледав повеќе од моето семејство, а задоволство е да се дели теренот со тебе. Те гледам како напредуваш секој ден, честитки за одработениот турнир.
Работев напорно за да станам најдобар, не само на теренот, туку и на личен план. Благодарност до сите кои го направија овој турнир посебен“, изјави Алкараз.
Оваа година Алкараз и Синер ги поделија трофеите на Грен слем турнирите.



