Алкараз: Би сакал да останам „заглавен“ во пустина со Новак Ѓоковиќ

Шпанецот Карлос Алкараз доби неколку интересни прашања од новинарите на прес-конференцијата во Индијан Велс, каде без поголеми проблеми стигна до четвртфиналето. 

Познато е дека Индијан Велс е турнир кој се игра во близина на калифорниската пустина, а најкомичното прашање беше со кого шпанскиот ас би сакал да остане заробен во пустината. 

„Мислам дека одговорот е јасен, тоа би бил Новак Ѓоковиќ. Да останеме што подолго во пустината, за да можам детално да го истражувам неговиот ум и неговите тактики“, низ смеа одговори Алкараз. 

Младиот Алкараз е во значително подобра форма периодов, а во четвртфиналето во Индијан Велс повторно ќе биде голем фаворит, зашто за противник ќе го има Аргентинецот Франциско Черундоло.