„Ако Серена има пристојност, би заминала во пензија“

Прославената американска тенисерка Серена Вилијамс повторно беше на удар на претседателот на Тенискиот сојуз на Романија, Јон Циријак.

„Не знам што се случува со неа. Со толку многу години и тежината што ја има, таа не се движи лесно како пред 15 години", изјави Циријак за романската телевизија.

Серена Вилијамс има 39 години, се породи, но сепак активно игра тенис. Таа сака да ја престигне Маргарет Корт по бројот на освоени Грен слем титули (24).

„Серена беше сензационален играч. Но, ако имаше пристојност, треба да се повлече. Го велам тоа откако ги погледнав сите аспекти", рече Циријак.

Оваа изјава со сигурност ќе предизвика бурни реакции кај Серена и нејзиниот тим.