„Агаси падна на допинг четири пати, но АТП го „покри“ скандалот за доброто на тенисот“

Марсело Риос

Легендарниот чилеански тенисер Марсело Риос го нападна врвот на АТП и раскажа за неколку скандали додека тој беше активен на терените.

Според него, Меѓународната тениска асоцијација е „мафија“ и дека покрива допинг скандали на големи ѕвезди, со цел да се задржи популарноста на белиот спорт.

„АТП е една голема мафија, една од најголемите во светот на спортот. Во мое време Андре Агаси четири пати падна на допинг тест, но сето тоа беше „покриено“. Тенисот ја губеше популарноста, па никој не сакаше да зборува за негативните страни на една од најголемите ѕвезди во тој период“, обвини Чилеанецот.

Во својата богата кариера Риос освои осумнаесет АТП титули, но ниту една на Грен слем турнирите. Најголем успех му беше финалето на Австралија опен во 1998 година, кога загуби од Чехот Петр Корда.