ФОТО: 54х54х54 – големата тениска тројка изедначена како никогаш досега! 

Најдобриот шпански тенисер во историјата, Рафел Надал пред два дена го совлада младиот Русин, Денил Медведев и по четврти пат во својата кариера триумфираше на УС Опен и своите витрини ги збогати со 19. Грен слем трофеј. 

Така, Рафа стигна до својот 54 „голем трофеј“ во кариерата, со што се израмни со своите најголеми ривали Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Во „големите трофеи“ спаѓаат оние од Грен слемовите, Мастерсите и Завршниот турнир. 

Пред триумфот во Њујорк, Надал оваа сезона триумфираше уште на Ролан Гарос, Рим, Мадрид и Монтреал, Ѓоковиќ беше најдобар на Австралија Опен, Вимблдон и Мадрид, додека Федерер оваа година го освои само Мастерсот во Мајами. 

Нивното ривалство сигурно ќе биде запишано како најголеми во историјата на овој спорт, а интересно е тоа што сега тројцата великани имаат освоено по 54 „големи трофеи“. 

До овој успех Рафа и Новак стигнале по 182 одиграни турнири додека Роџер по 231 турнир.