19-ТИ ГРЕН СЛЕМ: Надал по петчасовна борба стана крал на УС Опен!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по долга и макотрпна борба и пет сета успеа да триумфира над Данил Медведев и го освои последниот Грен Слем турнир за оваа сезона, УС Опен.

Мечот траеше скоро пет часа, имашет пет сета, а Надал славеше со 3-2 (7-5, 6-3, 5-7, 4-6, 6-4). Почетокот наговестуваше полесен триумф за Надал, но Медведев покажа зошто се смета за еден од најнадежните тенисери во светскиот тенис и го намачи „кралот“.

Надал на стартот поведе со 2-0 во сетови, поради брејковите за 7-5 во првиот и 4-2 во вториот сет. Многумина очекуваа лесен триумф на Шпанецот, но Медведев со брејк за 5-7 возврати во третиот сет и се врати во мечот, а потоа, во четвртиот сет, направи брејк за 4-6 и го најави долгиот „маратон“. Петтиот ревашачки сет, Надал го доби поради подобрата игра на противнички сервис и два брејка за 3-2 и 5-2. Медведев возврати еден брејк, па намали на 5-4, но во десеттиот гем, Надал не дозволи сензација и преку првата меч-топка дојде до посакуваната победа.

За шпанскиот ас, ова е четврта титула во историјата на УС Опен во петтото финале, или вкупно 19-ти Грен Слем трофеј во кариерата и е на еден чекор до Роџер Федерер, кој е рекордер со 20. Грен Слем титули.