Учеството на Карлос Алкараз на претстојниот УС Опен е сè понеизвесно, откако водечки експерт за спортска наука и превенција на повреди предупреди дека враќањето на теренот директно на последниот Грен слем во сезоната би можело да биде премногу ризично за шпанскиот тенисер.
Мастерс турнирот во Монтреал испиша нова страница во тениската историја. За првпат во четвртфиналето на еден турнир од серијата Мастерс 1.000 се пласираа осум тенисери родени по 2000 година, што е јасен показател за генерациската смена на самиот врв на светскиот тенис.
Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи на АТП Мастерс турнирот во Синсинати, откако италијанскиот тенисер официјално се повлече поради повреда.
Сара Митевска заедно со Андреја Глушкова од Бугарија и Кристијан Јанев и Ерион Незири се победниците во конкуренција на двојки на турнирот „Неопком опен 2026“ што се одржува на терените на ТК Југ. Турнирот е од рангот Ј60 за тенисери и тенисерки до 18 години.
Новак Ѓоковиќ се присети на еден од најтешките порази во кариерата, кога во првото коло на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година загуби од Хуан Мартин дел Потро.
Германскиот тенисер Александер Зверев стана вториот играч кој официјално обезбеди место на Завршниот АТП турнир за сезоната 2026, по завршувањето на Мастерсот во Монтреал.
Повредата на десното колено на Јаник Синер не е од сериозна природа, соопштуваат медицинските извештаи по деталните прегледи во Милано. Најдобриот светски тенисер помина четиричасовни превентивни и дијагностички тестови во клиниката „Физиоклиник“.
Германскиот тенисер Александар Зверев е елиминиран уште во својот прв меч на Мастерсот во Монтреал. Како прв носител на турнирот, тој претрпе шокантен пораз од Холанѓанецот Талон Грикспор со резултат од 6-7/3, 6-2, 6-4.
Британската тенисерка Ема Радукану нема да настапи на овогодинешниот УС Опен поради стрес-фрактура на десната потколеница, пренесуваат медиумите на Островот.
Љубителите на тенисот повторно ќе имаат можност да ги гледаат Серена и Венус Вилијамс на ист терен. Американските легенди добија специјална покана за настап во конкуренција на двојки на турнирот во Синсинати.
Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, успеа по три сета игра и со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 6-4) да ја совлада Анастасија Фирман од Украина, во натпревар што траеше два часа и 30 минути.
Новак Ѓоковиќ повторно ја отвори темата за иднината на тенисот, предлагајќи промени во системот на бодување кои би можеле да предизвикаат големи реакции.
Македонскиот Дејвис куп репрезентативец, Олег Приходко, го загуби финалето на ИТФ турнирот во полскиот Козалин, кој се играше за награден фонд од 30.000 долари. Тој денеска е поразен од Португалецот Тиаго Переира со 2-0 во сетови (61 и 7-5) за вкупно 68 минути.
Олег Приходко се пласира во финалето на ИТФ фјучерс турнирот М25 во Кошалин, Полска. Македонскиот Дејвис Куп репрезентативец прикажа одлична игра во полуфиналето каде го елиминираше првиот носител на турнирот.