Марио Станковски и Лука Станковски се браќата кои пред извесен период заедно играа во Работнички. Откако едниот замина во Турција, другиот реши да направи тетоважа во чест на него.
Златан Ибрахимовиќ беше забележан низ улиците во Милано со своето ново Ферари „SF90 Stradale“. Ова е автомобилот со кој шведскиот напаѓач се почести за својот 40-ти роденден.
Пјер Емерик Обамејанг во последните моменти на преодниот рок го замени Арсенал со Барселона и веќе дебитираше во каталонскиот гигант. Габонецот пристигна како бесплатна аквизиција и решение за нападот на Чави. Тој веќе заигра на „Камп Ноу“ во најдобрата партија на Барса оваа сезона и победата над Атлетико (4-2).
И покрај обврските во клубот, Душан Тадиќ има доволно време да се посвети на своето хоби кое барем до пред некој ден беше непознато за пошироката јавност. Тајната ја открија пријателите на српскиот ас, судиите Милош Симовиќ и Зоран Младеновиќ.
Во последниот ден од Новата година ракометарите добија одмор од селекторот Кирил Лазаров, тоа донесе и новитет, затоа што Жарко Пешевски реши да стапне на „лудиот камен“ и да ја побара раката на својата девојка.
2021 година е зад нас, го броиме првиот ден од 2022 година, а како македонските фудбалски репрезентативци и оние кои играат на домашната сцена ја дочекаа Новата година?
Изминатиот период се гласаше за најдобрите спортски колективи за годината која изминува. Анкетата беше спроведена од страна на Меѓународна асоцијација за спортски печат (АИПС).
Пријателствата кои се стекнуваат во ракометниот клуб Вардар 1961 се вечни. Повеќе играчи го потврдија тоа низ годините, а најновата средба е меѓу актуелниот играч на „црвено-црните“ Тимур Дибиров и доскорешниот член на клубот Кристијан Дисингер.
Пред крајот на календарската 2021 година имаме интересен момент. Во период од неколку дена, тројца од фудбалерите кои играа во „златната“ У21-репрезентација на Благоја Милевски и која беше дел од Европското првенство (ЕП) во 2017 година во Полска му кажаа збогум на ергенскиот живот.
Фудбалерите од сите национални првенства, освен Премиер лигата, заминаа на празнична пауза. Времето надвор од терените некои го искористија за да заминат на плажа, а други за да ги посетат Соединетите Американски Држави.
Бекам и неговата сопруга Викторија направија одлична божиќна забава со членовите на семејството. Легендарниот фудбалер утрото по забавата објави фотографија со сопругата и децата на Инстаграм, но се најде на мета на потсмев за еден детаљ, кој многумина веднаш го забележаа.