Македонскиот уметник Сатја Грабуловски и неговата компанија „S.Ignature“ со години ја одушевуваат Европа со фантастични рачно исцртани копачки и патики. Најновите одат на адреса на Кристијано Роналдо, кој важи за еден од најдобрите светски фудбалери. Се работи за копачките Nike Vapor 4’S кои Роналдо ги носеше во 2003 година кога дојде во Манчестер Јунајтед. На нив се испишани имињата на децата на Кристијано, трибината на Сер Алекс Фергусон, првата слика на Роналдо по кам-бекот на „Олд Трафорд“, како и првата слика по првиот гол на португалскиот ас. Првично, копачките беа планирани за музејот на Португалецот во родната Мадеира, меѓутоа „среќник“ ќе биде неговиот син Кристијано Роналдо Јуниор кој ќе ги добие како подарок. Вкупно, потрошени се 342 работни часа за да се изработат овие копачки.