Знаете ли колку чинеше раскопчувањето на холандската убавица на ЗОИ?

Холандската олимпијка во брзо лизгање Јута Лердам освои злато на Зимските олимписки игри, но и значителен финансиски бонус. би можела да инкасира околу еден милион долари по освојувањето на своето прво олимписко злато, но не само поради триумфот на мразот.

27-годишната спортистка на 9 февруари триумфираше на трката на 1.000 метри, а во центарот на вниманието се најде и по прославата. По победата, Лердам ја откопча горната облека и откри бел спортски градник од компанијата „Најк“, додека ја славеше титулата пред публиката. Иако веројатно многумина гледаа на атрактивната олимпијка од друг агол, сепак има позадинска приказна. 

Станува збор за спонзорски договор кој според неофицијалните информации на Лердам ќе ѝ донесе вртоглави еден милион долари. 

Интересно е што официјален спонзор на холандската репрезентација е компанијата „Фила“, па потегот веднаш предизвика реакции и на социјалните мрежи.