• Иван Димовски
Кајл Фредерик Снајдер, 29-годишниот американски борец и олимписки златен медалист, е уапсен во Охајо во рамки на голема полициска операција насочена кон спречување на проституцијата. Како што јавуваат американските медиуми, полицијата поставила лажни ескорт-огласи во весници и потоа организирала средби со сите кои се јавиле.
Снајдер бил еден од 16-те мажи кои „паднале“ во нивната замка. Откако бил фатен на дело, Американецот веднаш бил уапсен, а по викендот пуштен да се брани од слобода. На суд треба да се појави на 19 мај.
Во меѓувреме, се појави и видео од апсењето, снимено од камера на еден од полицајците. На снимката се гледа како полицијата влегува во собата, каде што Снајдер е со спуштени панталони . Тој мирно се идентификувал, по што му биле ставени лисици и бил одведен.
Снајдер минатата година освои злато на Олимписките игри во Париз, а во Токио 2021 стигна до сребро. Тој има и седум медали од светски првенства и е трикратен национален шампион со Универзитетот во Охајо. Долго време важеше за еден од најдобрите борци во американската историја.