„Зголемете го данокот, наставниците се побитни од фудбалерите во општеството...

Раул Гарсија

Шпанскиот фудбалер Раул Гарсија даде предлог како да се намали економската криза која владее во државата.

Според членот на Атлетик Билбао, данокот за фудбалерите треба да се зголеми. Тој би поддржал таква одлука, за да им помогне на останатите професии.

„Јасно е дека ние фудбалерите живееме во економски удобна ситуација, но тоа не ме исклучува од ситуациите во кои живеат моите пријатели и моето семејство. Јасно ми е дека тоа што го живеам не е живот. Затоа мислам дека треба да покажеме солидарност. Ќе нè натераат да плаќаме заеднички данок. Треба да разбереме каде сме во моментов ако сакаме социјална држава во која секој може да има достоинствен живот.

Изгледа неверојатно да зборуваме за луѓе кои немаат работа. кои не можат да стигнат до крајот на месецот, кои немаат пари за храна... Го гледам тоа кај моите пријатели. Хипотеката наеднаш ве гуши, иако и двајца возрасни во куќата работат. Не треба во никој случај да се размислува дали да имате дете или не поради финансиски проблеми. Според мене, фудбалерот нема никаква важност во општеството. Наставниците се најважни. Тие се оние кои учат и всадуваат вредности. Мораме правилно да ги цениме во вакви моменти“, смета ветеранот.

Војната меѓу Украина и Русија носи криза низ цела Европа. Трошоците за живот значително се зголемија, па затоа Гарсија бара од властите да преземат чекори со кои ќе се ублажат проблемите на народот.