• Мартин Танасковски
Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, официјално потврди дека е во врска со познатата инфлуенсерка Вирџинија Фонсека, едно од најпрепознатливите имиња на дигиталната сцена во Латинска Америка. Парот за првпат ја направи својата врска јавна преку објава на Инстаграм, на која двајцата позираат прегрнати покрај натписот „љубов“.
Фонсека, која има повеќе од 53 милиони следбеници на Инстаграм и речиси 40 милиони на ТикТок, претставува вистински феномен на бразилската медиумска сцена. Родена е во американската сојузна држава Конектикат, но израснала во Бразил, каде што започнала со својата кариера како Јутјуб креаторка на само 17 години.
Со текот на времето, нејзиниот дигитален успех прераснал во телевизиска кариера, денес таа е водителка на популарната емисија „Сабаду кон Вирџинија“ на телевизиската мрежа СБТ, каде редовно настапуваат најголемите имиња од бразилската сцена.
Пред врската со Винисиус, Фонсека беше во брак со пејачот на бразилска кантри музика, Зе Фелипе, со кого има три деца. Нивниот брак заврши претходно оваа година, а само неколку месеци подоцна започна нејзината нова љубовна приказна со фудбалерот на Реал Мадрид.