ВИДЕО: Загревање за „Ол-старот“ - најдоброто забивање на сите времиња?

САД забивање

Анонимни и креативни љубители на кошарката се погрижија на перфектен начин да го најават „Ол-стар“ викендот во Чикаго.

Притисокот на учесниците во натпреварот во забивање в сабота е зголемен по видеото кое стана екстра популарно на Интернет за само 24 часа. Се работи за потег кој досега не е виден, а според многумина тоа е „најдоброто забивање на сите времиња“.

Човекот кој е хит на Интернет ја зафати топката од зад глава и ја смести во кошот. Претходно, неговиот партнер му подготви перфектна асистенција, удирајќи ја топката од земја.

Погледнете го видеото и проценете сами: