ФОТО: Ванда Нара со жешка и провокативна фотка ја отвори годината

Аргентинската инфлуенсерка и медиумска личност Ванда Нара уште еднаш потврди зошто важи за една од најследените жени на социјалните мрежи. Со својата најнова објава на Инстаграм, таа повторно ги истакна своите впечатливи облини и за кратко време предизвика вистинска лавина од реакции.

Поранешната сопруга на фудбалерот Мауро Икарди сподели серија фотографии на кои позира во минијатурен костим за капење нагласувајќи ја својата самодоверба и беспрекорен стил.

Објавата за само неколку часа собра повеќе од 350.000 лајкови, што уште еднаш ја потврдува нејзината огромна популарност.

Со 17,5 милиони следбеници на Инстаграм, Нара знае како да го задржи вниманието на јавноста. Коментарите под фотографиите се преполни со комплименти, а нејзините обожаватели јасно ставија до знаење дека уживаат во секое нејзино појавување.