Урнебесна споредба: Алексис Санчез со иста улога како Серсеи од „Игра на Тронови“

Алексис Санчез

Навивачите на Манчестер Јунајтед не се одушевени од играта на Алексис Санчез кој не успеа да се наметне на „Олд Трафорд“.

Чилеанецот остана запаметен како фудбалерот кој што добива астрономски примања за да направи само едно додавање на натпревар. Тоа се случи во неколку наврати во текот на оваа сезона во Премиер лигата.

Тоа беше причината за споредбата на играчот со популарниот лик од серијата „Игра на Тронови“, Серсеи Ланистер. Актерката Лена Хеди заработи над милион долари за учеството во петтата епизода од осмата сезона. Нејзиното сценарио беше едноставно - седење на прозорец и пиење вино.

Еден ирски новинар ја искористи оваа информација за да го исмее чилеанскиот репрезентативец. Тој на Твитер напиша дека актерката е ТВ верзијата од Алексис Санчез. 

Тоа предизвика бурни реакции кај фудбалските фанови кои набрзо започнаа да ја шират оваа шега.