Арда Туран му скршил нос на турски пејач, па зел пиштол и му кажал: „Убиј ме!“

Турскиот фудбалер Арда Туран предизвикал скандал во земјата, откако во ноќен клуб влегол во инцидент со познат пејач, поради жена.

За поранешниот фудбалер на Барселона, медиумите во Турција пишуваат дека се обидел да ѝ се „пушта“ на сопругата на пејачот Беркај. Наводно, Туран рекол „Да не бев женет, немаше да пропуштам жена како тебе“ и го навлекол гневот на пејачот.

Беркај решил да ја испрати сопругата дома, а медиумите пишуваат дека имало тепачка меѓу двајцата, во која настрадал носот на пејачот. Подоцна, Туран наводно зел пиштол, отишол во болницата каде што бил Беркај и му го подал, по што му рекол „Убиј ме, не знаев дека тоа е твојата сопруга!“.

Ѕвездата на турскиот фудбал потоа непрекинато му се извинувал на пејачот. Туран на „Инстаграм“ не негираше инцидент, но вели дека приказната не е таква како што ја пренесуваат медиумите.