ФОТО: Трио од „златната генерација“ му кажа збогум на ергенскиот живот!

Пред крајот на календарската 2021 година имаме интересен момент. Во период од неколку дена, тројца од фудбалерите кои играа во „златната“ У21-репрезентација на Благоја Милевски и која беше дел од Европското првенство (ЕП) во 2017 година во Полска му кажаа збогум на ергенскиот живот.

Дарко Велковски, Дамјан Шишковски и Виктор Ангелов повеќе не се ергени. Дефанзивецот, голманот и напаѓачот решија новата година да ја почнат со новитет - ја побараа раката на нивните девојки со кои се во врска подолго време.

Тамара му кажа „да“ на Дарко, Шишко доби „ДА“ од Ангела, додека Бојана се согласи да биде дел од животот на популарниот Чаки. Убав начин да се заврши календарската година за македонските фудбалери.