Трагедија во фамилијата Зидан: Почина постариот брат на Зинедин

Во текот на вчерашниот ден, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изненадувачки го напушти тренинг кампот на екипата во Монтреал и се упати за Европа. 

Странските медиуми веднаш започнаа со шпекулации за причината за неговото заминување, а за што всушност се работело обелоденето е денес. 

На воздраст од 54 години почина постариот брат на Зинедин, Фарид. Оваа информација ја потврдија и од редовите на „кралскиот“ клуб, кои притоа побараа максимална дискреција и почит кон нивниот тренер. 

Денешниот тренинг на екипата во чест на починатиот брат на Зидан започна со едноминутно молчење.