ФОТО: Теона и Тиана го нацртаа Елмас, „дијамантот“ им подари дрес

Близначките Теона и Тиана Вучеви од Битола имаат 17 години и неверојатен талент за цртање. Двете тинејџерки, ученички во гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, цртаат од својата шеста година. До денес имаат нацртано стотици цртежи, а инспирација наоѓаат во познатите спортисти.

Цртањето на фудбалерите од големите светски клубови, но и на фудбалерите од нашата лига, како и на ракометарите од македонската репрезентација, е она што ги исполнува двете сестри гимназијалки. Еден од последните кои го нацртаа е македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас.

Ѕвездата на Наполи беше одушевен од цртежот и им подари оригинален дрес на Наполи.

Теона и Тиана во својата колекција ги нацртале поголемиот број македонски спортисти, а и некои од интернационалните ѕвезди. И двете се спортистки и настапуваат за ЖФК Атлетико од Битола.

Цртежите на познати спортисти на Теона и Тиана: