Своевремено беше најдобар бек: Светски првак со Бразил и европски со Милан – а сега е во незавидна положба

Животот по фудбалската кариера е непредвидлив, а за тоа најдобро зборуваат бројните случаи на екс-играчи кои банкротираат. Последен во низата е славниот бразилски бек, Кафу. 

Иако своевремено беше најдобар десен бек на светот, по фудбалската кариера Кафу има проблеми. Тој како играч двапати стана мундијалски првак со Бразил, освои трофеј во Лигата на шампионите и на Светското клупски првенство со Милан, крена два трофеи во Серија А, два на Копа Америка и еден во Купот на победниците на куповите со Зарагоса, како и бројни одлучја во Бразил. 

Сепак, по крајот на играчката кариера бројните погрешни инвестиции го фрлија Бразилецот во очај. За тоа најдобро зборува фактот дека тој ја продаде својата неверојатна резиденција во Сао Пауло за сума од пет милиони долари, иако истата вреди барем три повеќе. Поради доспеани долгови, Кафу мораше да се откаже од својот луксузен имот. Се работи за вила која освен раскошот на домот поседува базени, кино, фудбалски и тениски терени... Истата заврши на аукција и беше купена под реалната цена, а Бразилецот има 45 дена да се отсели. 

Ова не е првпат Кафу да мора да продава недвижен имот за да „закрпи“ други финансиски дупки. Пред четири години тој продаде пет недвижности поради обвинение кое го доби на име на фудбалската менаџерска фирма „Капи Пента Интернасионал Плејер“. Така бразилската ѕвезда сакаше да остане во светот на фудбалот, меѓутоа откако работите се изјаловија, резултираше со губиток од 1,5 милиони долари. Самиот фудбалер во повеќе наврати нагласи дека е подготвен да ги плати последиците за своите грешки, а продавајќи ги своите имоти, автомобили и сè останато. Тој всушност зад своето име своевремено имаше 32 недвижности, од нормални станови до луксузни вили.