• Саше Љолес
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, наскоро ќе стапне на „лудиот камен“, а тоа стана јасно откако се појавија фотографии со венчалниот прстен на неговата партнерка, Ирина Јанкуловска.
Димитриевски се реши на сериозен чекор и ќе го заврши својот ергенски живот, и тоа во моменти кога е на „крстопат“ во кариерата, барајќи нова средина каде ќе добива поголема минутажа.
Македонската „единица“ нема иднина во Валенсија, што значи дека е во потрага по друг клуб за збогатување на своето резиме. Во секој случај, во моментов има други причини за радости во животот.
