Српските натпреварувачи во Рио не го признаваат Косово: Тоа е измислена држава за нас

Виктор Троицки

Косово дебитираше на Олимписките игри во Рио со златен медал на џудистката, Мајлинда Келменди. Сепак, нејзиниот успех не им се допадна на српските натпреварувачи, поточно на Виктор Троицки, кој изјави дека таква држава не постои и дека таа е измислена.

„Ние не ја признаваме таа држава. За нас таа држава секогаш била дел од територијата на Србија и така ќе остане и во иднина. Тоа е измислена држава, а доколку сакате да го разберете ова што го зборувам, прочитајте ја историјата во претходните илјада години и се ќе ви биде јасно“, порача српскиот тенисер.

Србинот испадна во сингл конкуренција уште во првото коло, откако со убедливи 2-0 беше поразен од сега првиот фаворит за златото, Енди Мареј.