„Среќен роденден Златан“: Ибра ја комплетираше колекцијата од модерни ѕверови на Ферари!

Златан Ибрахимовиќ вчера го прослави својот 44 роденден, и како и секоја година, ја продолжи традицијата. Се почести со нов луксузен автомобил, а со својот избор се пофали на социјалните мрежи со пораката: „Среќен роденден Златан“.

Неговата гаража е збогатена со Ферари Ф80, најновиот хиперавтомобил од Маранело. Автомобилскиот експерт Матес Нилсон објаснува дека ова бил логичен потег за познатиот фудбалер. 

„Тој е апсолутно во право што го купи, па затоа неговата колекција од модерни ѕверови на Ферари е комплетна“, рече Нилсон.

Тој додаде дека Ф80 како водечки автомобил на Ферари и наследник на легендарните модели ЛаФерари и Енцо, кој е спортски автомобил инсириран од Формула 1.  Произведени се само 799 примероци од овој модел, а може да го купат само одбрани и лојални клиенти на брендот. Се шпекулира дека неговата цена може да достигне околу четири милиони евра.