Сопругата на Колашинац била запрена на аеродром поради оружје

Сопругата на фудбалерот од Арсенал, Сеад Колашинац се најде во центарот на вниманието од британските медиуми. Причината поради тоа што атрактивната Бела заврши на насловните страници е фактот дека била фатена на аеродром со оружје. 

Се работи за електрошок пиштол, кој не е смртоносен, но сепак се смета за оружје што е забрането да се пренесува на аеродромите во Англија. 

Сеад Колашинац и Бела беа мета на хулигански напади во текот на минатата година, откако фудбалерот заедно со Месут Озил се најдоа во физичка пресметка со неколку напаѓачи кои сакаа да ги ограбат. Очигледно сопругата на Колашинац од тогаш си носи еден вид на сигурност, а при патувањето не била запозната дека на Островот е забрането пренесување на електрошок пиштол бидејќи во Германија е дозволен.

Медиумите од Англија наведоа дека Бела нема да биде казнета, бидејќи недоразбирањето било бргу расчистено и таа била ослободена.