ФОТО: Сопругата на Федерер носи прстен вреден колку заработката на Роџер на Вимблдон!

Легендарното финале на Вимблдон откри еден интересен детаљ во свечената ложа на швајцарската легенда Роџер Федерер. Имено, неговата сопруга Мирослава Вавринец темпераментно го следеше финалето против Ѓоковиќ, што видливо се забележа нов прстен на нејзината рака.

Стручњаците пресметаа дека се работи за дијамант од седум карати вреден околу милион евра! Првите проценки се дека се работи за исклучително чист дијамант и уникатен изгледа на самиот прстен.

Ако се знае дека нејзиниот сопруг од вимблдонското финале заработи еден милион и 300.000 евра, извесно е дека Мирка на раката имаше скоро идентична вредност како двете недели на лондонската трева што одработи нејзиниот избраник.